Veizus - Пописна
Veizus – Пописна
Побрз, попаметен и посигурен попис на производи
Veizus – Пописна е модерна Windows апликација за брз и организиран попис, создадена за продавници, магацини и компании на кои им се важни прецизноста и контролата. Наместо скапи индустриски терминали, користете ги обичните Android телефони што веќе ги имате: скенирајте баркодови, внесувајте податоци и следете го пописот во реално време на компјутерот.
Повеќе уреди работат паралелно во иста пописна сесија, а на крај со еден клик добивате готов PDF извештај.
Што е ново во верзија 2.0.0
- Целосно нов изглед со светла и темна тема, прилагоден за долга и удобна работа
- Одобрување на уреди: секој телефон мора да биде прифатен на компјутерот пред да се поврзе, па само вие одлучувате кој учествува во пописот
- Историја на сесии: преглед на претходни пописи со датум, уреди и број на производи, со директно отворање на PDF извештајот
- Поддршка за повеќе LOT-ови на еден артикл, секој со свој број, рок на траење и количина, со автоматско собирање на вкупната количина
- Баркод се прикажува директно на секоја картичка за полесна проверка
- Филтри за количина, внесување и рок на употреба
- Прегледен статус на серверот и на поврзаните уреди
- Пребарување на додадените артикли на Android
- Од Android апликацијата може директно да ја превземете Windows верзијата
- Проверка за достапно ажурирање од самата апликација
Зошто Veizus – Пописна?
- Брз попис со баркод: скенирање преку Android уред или професионален Zebra скенер.
- Повеќе уреди одеднаш: тимот скенира паралелно во иста сесија.
- Целосни податоци за артикл: име, баркод, LOT број, рок на траење и количина.
- Синхронизација во реално време: податоците се појавуваат веднаш, без рачно освежување.
- PDF извештаи: подготвени за печатење или архива.
- Македонски интерфејс: целосно локализирано, и на Windows и на Android.
- Економично решение: обични телефони наместо скапа специјализирана опрема.
Како функционира?
- Стартувајте ја Windows апликацијата, а серверот се вклучува автоматски.
- На Android уредот отворете ја апликацијата, проверете дали сте на истата Wi-Fi мрежа и допрете „Поврзи се“.
- Прифатете го уредот на компјутерот.
- Скенирајте, додајте LOT-ови и испратете: „Зачувај и испрати“.
- Завршете ја сесијата и отпечатете или зачувајте го PDF извештајот.
(во случај да користите Zebra уред, вклучете ја опцијата "Zebra режим" за постабилна работа)
Системски барања
- Оперативен систем: Windows 10, Windows 11 (64-bit)
- Процесор: Dual-core 1.6 GHz или побрз
- RAM: 4 GB или повеќе
- Слободен простор на диск: 150 MB
- Дисплеј: минимална резолуција 1024×768
- Дополнително: локална Wi-Fi мрежа (компјутерот и Android уредите на ист рутер)
Оптимизирана за стабилна и брза работа дури и на постари Windows системи, со минимално користење на ресурси.
Верзија: 2.0.0
ВАЖНО: Прво инсталирајте ја програмата, потоа Ажурна станица!