Your Cart
Loading

Пакет од 2 лекции - специјална Black Friday понуда

On Sale
€26.00
€26.00
Added to cart

Специјална Black Friday понуда - пакет од 2 лекции


Првата лекција „Врати си ја моќта: од конфликт до соработка“ ќе ти помогне да родителуваш смирено и од позиција на љубов и конфликтите да ги претвориш во соработка користејќи ефективни техники.


Втората лекција „Откриј ја шифрата и дознај што ти кажува детското однесување“ ќе ти помогне да го разбереш детското однесување, да ги задоволиш детските потреби и, со тоа, да изградиш посмирена и подобра комуникација и соработка со детето.


Она што мене ми требаше години истражување да го осознаам и ми донесе драматично подобрување во односот со детето, сега е достапно за тебе во сублимирана и едноставна форма.

 

По овие лекции веќе ништо нема да биде како претходно!

По лекција 1:

- ќе бидеш посвесен за можностите на детето и што може да очекуваш од него,

- ќе знаеш зошто детето не слуша или не се смирува,

- ќе знаеш што е неопходно за да допреш до детето,

- ќе знаеш дека прво треба да работиш на себе, на својата смиреност и на својата рекација,

- ќе знаеш зошто и како да покажеш емпатија,

- ќе знаеш зошто е неопходно да работиш на градење на поврзаноста и како да ја градиш,

- ќе знаеш зошто треба да поставиш граници и како да ги поставиш,

- ќе знаеш како долгорочно да се насочиш кон решавање проблеми заедно со детето.

 

По лекција 2:

- ќе знаеш кои се основните потреби на детето и како реагираат децата ако не им се задоволени

- ќе можеш полесно да го разбереш детското однесување  

- ќе знаеш како да препознаеш што ти кажува детското однесување

- ќе знаеш што точно му треба на детето и ќе можеш соодветно да реагираш

- ќе знаеш конкретни техники што може да ги користиш за да го добиеш тоа што го сакаш од детето (на пр. како да постапиш кога сте во борба за моќ, кога тера инает, кога досадува и постојано бара внимание, кога крева раце од сè)

- ќе знаеш како со своите уверувања го потхрануваш тоа што не ти се допаѓа кај детето 

- ќе имаш поголемо разбирање за детето и со тоа разбирање посвесно и посмирено ќе настапиш.


Пристап до лекциите ќе добиеш во затворената група на Фејсбук веднаш по уплатата.

You will get a DOCX (17KB) file