Your Cart
Loading

🎄 Создајте специјални спомени оваа Нова Година! 🎄

Празниците се совршен момент за собирање на семејството, споделување љубов и создавање спомени кои ќе траат засекогаш. Оваа година, подгответе се за магични празнични моменти со нашата Новогдишна Мини Фотосесија на отворено, со прекрасна позадина од зелени елки и празничен декор!

Што нудиме:

  • Фотосесија во природа: Нашата фотосесија ќе се одвива во живописно природно опкружување со елки, каде што ќе создадеме уникатни и автентични фотографии. Природната светлина и зелениот пејзаж ќе создадат топла и пријатна атмосфера, совршена за празничните моменти.
  • Божиќен сетап: Поставен е специјален сетап со божиќни мотиви, кој ќе ја обогати вашата фотосесија. Овие декорации ќе донесат празничен дух и ќе создадат прекрасни визуелни прикази.
  • Разновидни фотографии: Во пакетот на фотосесијата, ќе добиете 20-30 детално обработени дигитални фотографии, вклучувајќи групни фотографии од целото семејство, фотографии на мајката со децата, таткото со децата, како и индивидуални портрети.

Додатни информации:

Времетраење:

Фотосесијата трае 20 минути, што е доволно време за да се создадат убави спомени без притисок.

Достапност на фотографии:

Сите фотографии ќе бидат достапни во приватна онлајн галерија во рок од 5-7 дена по завршувањето на фотосесијата.

Бонус за децата:

Секое детенце ќе добие бесплатно писмо за Дедо Мраз каде ќе може да ја напише својата желба!

Галерија

Оваа Новогодишна Мини Фотосесија е идеална за:

  • Семејства – кои сакаат да го овековечат празничниот дух и да создадат трајни спомени со своите најмили.
  • Парови – што посакуваат да си подарат магични фотографии со новогодишна тематика.
  • Родители со мали деца – кои сакаат да ги израдуваат своите најмили со фотографии покрај вистински зелени елки и празничен декор.
  • Љубители на Божиќ и Новогодишните празници – кои сакаат да имаат уникатни фотографии во природен амбиент, исполнети со топлина и празнично расположение.
  • Секој што го сака природниот амбиент – и преферира фотографии во топли, искрени и природни тонови.

Предности на фотосесијата на отворено во споредба со студиска фотосесија:

  • Автентичност: Фотосесиите на отворено нудат природна позадина и уникатен амбиент, што додава автентичност на вашите фотографии. Вештачките позадини во студио можат да изгледаат стерилно и да не ја пренесат вистинската магија на празниците.
  • Природна светлина: Природната светлина создава меки и топли тонови, што резултира со поубави и поестетски фотографии. Студиската светлина, иако контролирана, може да создаде неправилности и несакани сенки.
  • Уживање во природата: Фотосесиите на отворено не само што создаваат спомени, туку и ви овозможуваат да се опуштите и да се забавувате со вашите најблиски во природата, создавајќи моменти на радост и љубов.

Понуда:


Новогодишна МИНИ фотосесија 15.12.2024

€50

Важна напомена!

Откако ќе ја купите фотосесијата, најавете се во вашиот профил за да го резервирате точниот термин (час) кој ви одговара. Бидејќи термините се ограничени, ве молиме планирајте внимателно – не е возможно презакажување или враќање на парите доколку не се појавите на закажаното време.


✨ Ви оставам видео туторијал со детално објаснување за процесот на плаќање и регистрација, за лесна и брза резервација! 🎄📸 За било какви прашања, слободно контактирајте ме. ❤️


За мене

Здраво, јас сум Драгана! Како фотограф со фокус на автентични и емотивни моменти, секогаш се стремам да ја доловам топлината и уникатната врска меѓу членовите на семејството. Професионално и со внимание на деталите, создавам фотографии кои ги оживуваат спомените и ја пренесуваат магијата на секој момент.

Често поставувани прашања