Your Cart
Loading

🎄 Создајте специјални спомени оваа Нова Година! 🎄

Празниците се совршен момент за собирање на семејството, споделување љубов и создавање спомени кои ќе траат засекогаш. Оваа година, подгответе се за магични празнични моменти со нашата Новогдишна Мини Фотосесија на отворено, со прекрасна позадина од зелени елки и празничен декор!

Што нудиме:

  • Фотосесија во природа: Нашата фотосесија ќе се одвива во живописно природно опкружување со елки, каде што ќе создадеме уникатни и автентични фотографии. Природната светлина и зелениот пејзаж ќе создадат топла и пријатна атмосфера, совршена за празничните моменти.
  • Божиќен сетап: Поставен е специјален сетап со божиќни мотиви, кој ќе ја обогати вашата фотосесија. Овие декорации ќе донесат празничен дух и ќе создадат прекрасни визуелни прикази.
  • Разновидни фотографии: Во пакетот на фотосесијата, ќе добиете 20 детално обработени дигитални фотографии, вклучувајќи групни фотографии од целото семејство, фотографии на мајката со децата, таткото со децата, како и индивидуални портрети.

Додатни информации:

Времетраење:

Фотосесијата трае 20 минути, што е доволно време за да се создадат убави спомени без притисок.

Достапност на фотографии:

Фотографиите ќе бидат достапни во приватна онлајн галерија во рок од 5-7 дена по завршувањето на фотосесијата.

Бонус за децата:

Секое детенце ќе добие бесплатно писмо за Дедо Мраз каде ќе може да ја напише својата желба!

Галерија

Оваа Новогодишна Мини Фотосесија е идеална за:

  • Семејства – кои сакаат да го овековечат празничниот дух и да создадат трајни спомени со своите најмили.
  • Парови – што посакуваат да си подарат магични фотографии со новогодишна тематика.
  • Родители со мали деца – кои сакаат да ги израдуваат своите најмили со фотографии покрај вистински зелени елки и празничен декор.
  • Љубители на Божиќ и Новогодишните празници – кои сакаат да имаат уникатни фотографии во природен амбиент, исполнети со топлина и празнично расположение.
  • Секој што го сака природниот амбиент – и преферира фотографии во топли, искрени и природни тонови.

Предности на фотосесијата на отворено во споредба со студиска фотосесија:

  • Автентичност: Фотосесиите на отворено нудат природна позадина и уникатен амбиент, што додава автентичност на вашите фотографии. Вештачките позадини во студио можат да изгледаат стерилно и да не ја пренесат вистинската магија на празниците.
  • Природна светлина: Природната светлина создава меки и топли тонови, што резултира со поубави и поестетски фотографии. Студиската светлина, иако контролирана, може да создаде неправилности и несакани сенки.
  • Уживање во природата: Фотосесиите на отворено не само што создаваат спомени, туку и ви овозможуваат да се опуштите и да се забавувате со вашите најблиски во природата, создавајќи моменти на радост и љубов.

Понуда:


Новогодишна МИНИ фотосесија 29.11.2025

€50

Важна напомена!

Откако ќе ја купите фотосесијата, најавете се во вашиот профил за да го резервирате точниот термин (час) кој ви одговара. Бидејќи термините се ограничени, ве молиме планирајте внимателно – не е возможно презакажување или враќање на парите доколку не се појавите на закажаното време.


Доколку временската прогноза покаже дека дента ќе врне, фотосесијата ќе биде презакажана на друг термин. Ако новиот термин не ви одговара, само пиши ми — и ќе ти ги вратам парите во целост.


✨ Ви оставам видео туторијал со детално објаснување за процесот на плаќање и регистрација, за лесна и брза резервација! 🎄📸 За било какви прашања, слободно контактирајте ме. ❤️


За мене

Здраво, јас сум Драгана! Како фотограф со фокус на автентични и емотивни моменти, секогаш се стремам да ја доловам топлината и уникатната врска меѓу членовите на семејството. Професионално и со внимание на деталите, создавам фотографии кои ги оживуваат спомените и ја пренесуваат магијата на секој момент.

Често поставувани прашања