Your Cart
Loading

💘 Создајте специјални спомени овој Валентајн! 💘

Валентајн е совршен момент за славење на љубовта, создавање спомени и овековечување на вашата врска. Оваа година, подгответе се за магични љубовни моменти со нашата Валентајн Фотосесија, која ќе ги фати вашите најубави емоции во прекрасна атмосфера на романтични сцени и декор! 💕

Што нудиме:

  • Три уникатни сценографии кои ќе создадат романтична и емоционална атмосфера за вашите фотографии
  • Фотографирање во студио (затворен простор): За оваа мини-фотосесија обезбедивме интимен затворен простор во изнајмен стан, кој ќе ја создаде топлата и романтична атмосфера потребна за вашите љубовни моменти.
  • Разновидни фотографии од романтични агли: Нашиот пристап е да фатиме нежни и интимни моменти од различни агли, прикажувајќи ја вашата врска во најубавото светло.
  • Пропс за сликање: За да ги надополниме вашите романтични моменти, ќе имате на располагање уникатни пропси, како што се балони, розови и црвени наочари, кои ќе додадат дополнителна доза љубов на вашите фотографии.

Три позадини за фотографирање:

Аголче со весници:

Создајте романтични и креативни моменти со позадина која ја поттикнува магијата на љубовта преку старински весници, за нежни и емоционални слики.

Позадина со љубовни писменца:

Оваа сценографија ќе го фати духот на љубовта и пораки од срце. Сцената е преплавена со писменца исполнети со љубовни пораки, создавајќи интимен и топол амбиент за вашите фотографии.

Позадина со балони во форма на срце:

Забавен и романтичен декор со црвени балони во облик на срце, идеален за создавање весели и љубовни спомени кои ќе траат засекогаш

Галерија

Оваа мини фотосесија за Валентајн е идеална за:

  • Парови: Совршена фотосесија за Валентајн, идеална за создавање романтични и интимни моменти. Без разлика дали го славите Валентајн, посебен момент во вашата врска или сакате да овековечите вашиот љубовен однос, оваа фотосесија ќе ја фати магијата на вашата љубов.
  • Дечиња (+3 години): Погодна за најмладите, кои ќе се забавуваат со љубовни сцени, балони и реквизити. Идеална за креирање на слатки моменти со вашето дете, кои ќе бидат задржани како спомени засекогаш.
  • Семејства: За семејства кои сакаат да ја прослават љубовта и поврзаноста меѓу нив, оваа фотосесија е идеална за зачувување на топли и среќни моменти заедно.

Понуда:

Фотосесиите се одржуваат на следните датуми: 09.02.2025 година (недела), 14.02.2025 година (петок) и 15.02.2025 година (сабота). По купување на фотосесијата, имате пристап до календарот каде го бирате денот и часот кога сакате да дојдете. Термините се однапред дадени.

Short & Sweet – Брза доза љубов

€20
  • 10 минути фотосесија
  • 5 професионално обработени фотографии
  • 1 сцена за сликање по избор
  • Онлајн галерија за преземање на фотографиите

Mini Love Session – За брзи и слатки моменти

€25
  • 15 минути фотосесија
  • 10 професионално обработени фотографии
  • 2 сцени за сликање
  • Онлајн галерија за преземање на фотографиите

Classic Love Story – За оние што сакаат повеќе

€30
  • 20 минути фотосесија
  • 20 професионално обработени фотографии
  • 3 сцени за сликање
  • Онлајн галерија за преземање на фотографиите
  • 5 испечатени фотографии во формат 13x18

Важна напомена!

Откако ќе ја купите фотосесијата, најавете се во вашиот профил за да го резервирате точниот термин (датум и час) кој ви одговара. Бидејќи термините се ограничени, ве молиме планирајте внимателно – не е возможно презакажување или враќање на парите доколку не се појавите на закажаното време. Доколку ве интересираат слободните термини пред да купите, слободно контактирајте ме.


✨ Ви оставам видео туторијал со детално објаснување за процесот на плаќање и регистрација, за лесна и брза резервација! 🎄📸 За било какви прашања, слободно контактирајте ме. ❤️


За мене

Здраво, јас сум Драгана! Како фотограф со фокус на автентични и емотивни моменти, секогаш се стремам да ја доловам топлината и уникатната врска меѓу членовите на семејството. Професионално и со внимание на деталите, создавам фотографии кои ги оживуваат спомените и ја пренесуваат магијата на секој момент.

Често поставувани прашања