Your Cart
Loading

🌷 Mommy & Me: Мини Фотосесија со љубов и боја

✨ На ваше барање, повторно организирам Mommy & Me мини фотосесија со боење – за сите вас кои не успеавте да дојдете во јуни.

По повод Денот на мајката, со многу љубов и внимание подготвивме едно топло, креативно и емотивно доживување кое го слави најнежното и највредното нешто што постои – длабоката, неповторлива врска помеѓу мајката и нејзиното дете.

Тоа е момент посветен само на вас двајца, момент во кој се спојуваат љубовта, играта и уметноста, создавајќи спомени кои не само што ќе ги зачувате на фотографија, туку и ќе ги почувствувате со секоја насмевка додека сте заедно.

Што нудиме:

Нашата „Mommy & Me“ мини фотосесија е внимателно осмислено креативно доживување што се одвива на отворено, во природна и опуштена атмосфера. Центарот на сетапот е бел чаршав поставен како нежна и едноставна позадина.

Покрај него се поставени штафелај и платно за сликање – тука за да ве поттикнат вас и вашето дете на игра, експресија и заедничко творење. Додека малите рачиња ќе се забавуваат со четки и бои, вие ќе уживате во секој миг, ослободени од притисокот на „совршена поза“. Сè е дизајнирано за да изгледа и се чувствува природно, топло и вистински.

Декорациите се избрани со многу вкус и внимание – од пастелни нијанси, природни текстури до суптилни детали што носат чувство на топлина, радост и нежност.

Покрај фотографиите кои ќе ги добиете обработени со многу љубов, дома ќе понесете и вистинско уметничко дело – платното што заедно сте го насликале. Тоа не е само подарок, туку спомен што ќе ве потсетува на заедничкиот миг исполнет со љубов, креативност и смеа.

Додатни информации:

Времетраење:

Фотосесијата трае 20 минути што е доволно време за да се создадат убави спомени без притисок.

Достапност на фотографии:

Следат 20 фоторафии кои ќе бидат достапни во приватна онлајн галерија во рок од 3-5 дена по завршувањето на фотосесијата.

Бонус за децата:

На крајот од фотосесијата, ќе го добиете и платно што сте го насликале заедно со вашето дете.

Галерија од претходните мини-фотосесии

Оваа мини фотосесија е идеална за:

Оваа фотосесија е внимателно дизајнирана специјално за мајките и нивните дечиња на возраст од 18 месеци и погоре – токму тогаш кога децата веќе почнуваат да покажуваат љубопитност, креативност и желба за игра. Возраста е важна бидејќи идејата не е само фотографирање, туку и активно учество во процесот – сликање, мешање бои, мачкање рачиња и создавање радосна „хаос“ што резултира со спонтани, искрени и весели фотографии.


И да, токму тие моменти се најубавите! Најмногу смеа и најискрени изрази на лицата доаѓаат кога ќе се опуштите и ќе почнете да се боите меѓу себе – кога мама ненадејно ќе ја допре четката до носето на малото, или кога детето ќе се обиде „да ја нашминка“ мама со боја. Тоа се миговите кога забораваме на камерата и навистина сме присутни еден со друг.

🎨 Безгрижна игра со бои

📌 Боите што ги користиме се целосно безбедни и декларирани како washable.



Јас лично ги тестирав на моја облека – 100% се вадат со перење, така што навистина нема потреба да се грижите дали ќе се извалкате. Напротив, ве охрабрувам да се препуштите на забавата – бојата на маичката ќе избледи, но спомените што ќе ги создадете ќе останат засекогаш.


Затоа, облечете нешто удобно и не се плашете од малку „уметнички неред“. Тоа е дел од магијата.


Понуда:

Последната минифотосесија за годинава мини-фотосесија ќе се одржи на 13.09.2025 година, во периодот од 16:00 до 19:00 часот.

Во оваа временска рамка можат да се вклучат само 9 учесници, бидејќи секој термин трае максимум 20 минути. Бројот на места е навистина ограничен – затоа, те охрабрувам да се пријавиш што побрзо! 💌


✨ Ова ќе биде последната мини фотосесија годинава, потоа истата ќе биде достапна да се букира само како поединечна, регуларна фотосесија!


По купување на фотосесијата, имате пристап до календарот каде го бирате времето кога сакате да дојдете.

Мини фотосесија со боење

€35
20 минути фотосесија + 20 обработени фотографии + бои и платно на подарок
Создадете и зачувајте незаборавни моменти.

Важна напомена!

Откако ќе ја купите фотосесијата, најавете се во вашиот профил за да го резервирате точниот термин кој ви одговара. Бидејќи термините се ограничени, ве молиме планирајте внимателно – не е возможно презакажување или враќање на парите доколку не се појавите на закажаното време. Доколку ве интересираат слободните термини пред да купите, слободно контактирајте ме.


✨ Ви оставам видео туторијал со детално објаснување за процесот на плаќање и регистрација, за лесна и брза резервација! 🎄📸 За било какви прашања, слободно контактирајте ме. ❤️


За мене

Здраво, јас сум Драгана! Како фотограф со фокус на автентични и емотивни моменти, секогаш се стремам да ја доловам топлината и уникатната врска меѓу членовите на семејството. Професионално и со внимание на деталите, создавам фотографии кои ги оживуваат спомените и ја пренесуваат магијата на секој момент.

Често поставувани прашања