Детето е твое огледало: промената почнува од тебе
Благодарение на оваа лекција имаш пристап до најважните сознанија што ќе ти помогнат да ја промениш перспективата и наместо да го напаѓаш и осудуваш детето, да разбереш кој е твојот удел кон несаканото однесување и кои се алтернативите што ќе ти помогнат да родителуваш посмирено и да стигнеш до толку посакуваната соработка со детето. Времетраење: речиси 1 час.
По оваа лекција ќе знаеш:
- на кои начини ти го поттикнуваш несаканото однесување наместо да го смириш
- зошто е потребно да се ориентираш кон себе и да тргнеш од себе
- што е тоа што треба да го смениш во твојот однос со детето
- како да ја промениш призмата низ која го толкуваш детското однесување
- зошто треба да си толерантен/а на фрустрација (на својата фрустрација и на фрустрацијата на детето)
- зошто мора да ги почитуваш солзите
- на кој начин ти одмага перфекционизмот
- зошто треба да градиш родителски сојуз со партнерот
- од каде доаѓаат твоите сегашни реакции и како да ги промениш
- кои се алтернативите на твоето досегашно постапување
- како да си дадеш самосочувство
Пристап до снимката ќе добиеш во затворената група на Фејсбук веднаш по уплатата.