Your Cart
Loading

НОВОГОДИШНА ФОТОСЕСИЈА ЗА ПРИЈАТЕЛИ

Love Click Photography

Здраво Дечки!

Ви благодарам на сите што ќе одвоите време да бидете наши гости за да направиме едно тест сликање пред понудата да може да ја изнесам во јавност и да почнам да ја промовирам!


Многу ми е драго што ќе ги уловиме вашите празнични моменти. И навистина ви благодарам што ми овозможувате да ги искористам тие фотографии за подоцна да ги промовирам моите фотосесии на пошироката публика.

Новогодишна фотосесија 10.11.2024

€0

Што ќе добиете:

  • Фотосесија во природа: Нашата фотосесија ќе се одвива во живописно природно опкружување со елки, каде што ќе создадеме уникатни и автентични фотографии. Природната светлина и зелениот пејзаж ќе создадат топла и пријатна атмосфера, совршена за празничните моменти.
  • Божиќен сетап: Поставен е специјален сетап со божиќни мотиви, кој ќе ја обогати вашата фотосесија. Овие декорации ќе донесат празничен дух и ќе создадат прекрасни визуелни прикази.
  • Разновидни фотографии: Ќе добиете 10 детално обработени дигитални фотографии, вклучувајќи групни фотографии од целото семејство, фотографии на мајката со децата, таткото со децата, како и индивидуални портрети.


Додатни информации:

Времетраење:

Фотосесијата трае 20 минути, што е доволно време за да се создадат убави спомени без притисок.


Достапност на фотографии:

Сите фотографии ќе бидат достапни во приватна онлајн галерија во рок од 5-7 дена по завршувањето на фотосесијата.


Бонус за децата:

Секое детенце ќе добие бесплатно писмо за Дедо Мраз каде ќе може да ја напише својата желба!