Аудитивно процесирање
Луѓето со нарушување во аудитивното процесирање имаат потешкотии во разликувањето на
гласовите и нивните разлики. Тоа е како кога на пример, ќе кажеме „ Детето трча брзо“ а
слушаме нешто како „ Тетото ача езо " .
Нарушувањето во аудитивното процесирање не претставува губиток или потешкотии со
слухот или потешкотии во учењето. Тоа значи дека мозокот не ги „слуша“ звуците на
вообичаен начин. Секако, тоа не значи дека има проблем во разбирањето на слушнатото.
Луѓето може да се сретнат со ова нарушување во било кој период од животот, но најчесто се
јавува кај децата и тоа од 2 – 7 %, покарактеристичо е изразено кај момчињата отколку
девојчињата. Ова нарушување може да доведе до отстапувања во учењето, па децата ќе имаат
потреба од малку поголема помош за на училиште.
Нарушувањето во Аудитивното процесирање може да претходи на состојби кои имаат слични
симптоми, на пример дислексија. Дури некои истражувања покажуваат поврзаност на АДХД и
аудитивно нарушување. Со помош на овој водич може да го препознаете ова нарушување кај Вашето дете и навремено да реагирате.