Вебинар „Врати си ја моќта: од конфликт до соработка“
Во ова предавање зборувам за најважните лекции што ќе ти помогнат да родителуваш смирено и од позиција на љубов и конфликтите да ги претвориш во соработка користејќи ефективни техники. Тука се содржат лекциите што мене лично ми беа од најголема корист на моето родителско патување. Сега се достапни и за тебе. Она што мене ми требаше години истражување да го осознаам, сега е достапно за тебе во сублимирана и едноставна форма во времетраење од 1 час и 16 мин. Твое е само да го искористиш.
По ова предавање:
- ќе бидеш посвесен за можностите на детето и што може да очекуваш од него,
- ќе знаеш зошто детето не слуша или не се смирува,
- ќе знаеш што е неопходно за да допреш до детето,
- ќе знаеш дека прво треба да работиш на себе, на својата смиреност и на својата рекација,
- ќе знаеш зошто и како да покажеш емпатија,
- ќе знаеш зошто е неопходно да работиш на градење на поврзаноста и како да ја градиш,
- ќе знаеш зошто треба да поставиш граници и како да ги поставиш,
- ќе знаеш како долгорочно да се насочиш кон решавање проблеми заедно со детето.
Ова е коцката што ти недостасува да го склопиш мозаикот на твојата успешна родителска приказна. Инвестиција: 17 евра.