Your Cart
Loading

Вебинар „Откриј ја шифрата и дознај што ти кажува детското однесување“

On Sale
€22.00
€22.00
Added to cart

Верувам дека ти е смачено од секојдневните недоразбирања и натегања со детето. Веројатно се чувствуваш фрустрирано, изнервирано, под закана, повредено, разочарано или дури можеби и очајно и безнадежно. Што и да направиш, не допира до детето. Изгледа како детето да си има некој свој таен план да те саботира и нервира. Не можеш повеќе да издржиш, што и да направиш како да не го носи резултатот што го очекуваш. Ако се препознаваш во овие зборови, тогаш оваа лекција е за тебе!  


И јас ги имав сите овие чувства додека не открив дека однесувањето е комуникација, дека преку отпорот, инаетот, инсистирањето, одлагањето, нападите на бес, борбите за моќ, неспособноста и уште многу други слични однесувања, детето сака нешто да ми каже. Оваа лекција ја снимив за да ти помогнам да сфатиш што сака да ти каже детето преку несоодветното однесување. Кога ќе дознаеш што се крие во основата, што е тоа што го потхранува несоодветното однесување, ќе ти биде многу полесно да го коригираш. Шифрата што ќе те однесе до с'ржта на детското однесување се крие во ова предавање. Откриј ја и ти!


По оваа лекција:

- ќе знаеш кои се основните потреби на детето и како реагираат децата ако не им се задоволени

- ќе можеш полесно да го разбереш детското однесување  

- ќе знаеш како да препознаеш што ти кажува детското однесување

- ќе знаеш што точно му треба на детето и ќе можеш соодветно да реагираш

- ќе знаеш конкретни техники што може да ги користиш за да го добиеш тоа што го сакаш од детето (на пр. како да постапиш кога сте во борба за моќ, кога тера инает, кога досадува и постојано бара внимание, кога крева раце од сè)

- ќе знаеш како со своите уверувања го потхрануваш тоа што не ти се допаѓа кај детето 

- ќе имаш поголемо разбирање за детето и со тоа разбирање посвесно и посмирено ќе настапиш.


Сознанијата во оваа лекција мене драматично ми помогнаа во разбирањето на детското однесување, задоволувањето на детските потреби и, со тоа, во градењето посмирена и подобра комуникација и соработка. Сега се достапни и за тебе за инвестиција од 17 евра.


You will get a DOCX (15KB) file