Што да се гледа на ТВ?
Какви аудио-визуелни содржини треба да гледа моето дете?
📌Се прашувате кои содржини ќе влијаат позитивно на развојот на вашето дете?
📌Имате грижа на совест дека вашето дете гледа содржини на youtube?
📌Се прашувате кое е вистинското време за користење на социјални мрежи?
📌Имате илјадници прашања во својата глава како да се справите со дигиталните предизвици кои ги носи модерното време?
Дозволете ми да Ви помогнам да ги пронајдете одговорите на сите овие прашања. Би сакала со вас да го споделам знаењето од десет годишното истражување од областа „Медиуми и деца“.
Иако немам свои деца, досега довербата како дадилка ми ја дале многумина родители. Од досегашното истражување и искуство можам да Ви кажам дека не секоја 3Д анимацијата е подеднакво штетна за секое главче. Но, запомнете НЕ ПОСТОЈАТ АУДИО - ВИЗУЕЛНИ СОДРЖИНИ ЗА БЕБИЊА КОИ НЕ СЕ ШТЕТНИ ЗА РАЗВОЈОТ!
На вебинарот „Какви аудио-визуелни содржини треба да гледа моето дете?“ ќе можете да научите многу повеќе за дигиталниот свет, не плашејќи се да го пуштите Вашето дете да чекори самоуверено во истиот.
Вебинарот е составен од неколку делови:
I дел - Влијанието на технологијата врз развојот на детето;
II - дел - Аудио - визуелни содржини за деца според возраста;
III - дел - Разликување на добра аудио - визуелна содржина од лоша со практични примери;
IV - дел - Деца, граници и мобилни телефони;
V - дел - Социјални медиуми и безбедност;
VI - дел - Одговор на поставените прашања;
Доколку сте родител, едукатор, дадилка, педагог, психолог дефектолог, логопед, учител, воспитувач или студент жеден за знаење, тогаш волшебното стапче ✨ е во Ваши раце. ВИЕ со купувањето на овој Вебинар како водачи на деца имате можност да го направите 🌏 , поубаво место на живеење. Можете да научите бесконечно деца како да пливаат и да се соочат со предизвиците во дигиталниот 🌏.