3 безвременски родителски лекции: води, разбери, инспирирај со љубов
Оваа понуда ја создадов токму за тебе! Во ова динамично време многу значи да ја добиеш вистинската информација во вистинската форма во вистинското време. Со овој пакет од 3 лекции ќе ги добиеш најважните и најкорисни информации за да можеш посмирено, полесно и посамоуверено да родителуваш. Меѓусебниот однос со детето е нашиот најголем капитал и извор на единствениот родителски авторитет. Сега и ти имаш можност да си го олесниш процесот на градење цврст однос со детето заснован на меѓусебно почитување и поддршка.
Првата лекција „Врати си ја моќта: од конфликт до соработка“ ќе ти помогне да родителуваш смирено и од позиција на љубов и конфликтите да ги претвориш во соработка користејќи ефективни техники.
Втората лекција „Откриј ја шифрата и дознај што ти кажува детското однесување“ ќе ти помогне да го разбереш детското однесување, да ги задоволиш детските потреби и, со тоа, да изградиш посмирена и подобра комуникација со детето.
Третата лекција „Детето е твое огледало: промената почнува од тебе“ ќе ти помогне да се разбереш себеси, да видиш кои твои постапки го предизвикуваат токму тоа што не ти се допаѓа и да дознаеш кои се алтернативите.
Она што мене ми требаше години истражување да го осознаам и ми донесе драматично подобрување во односот со детето, сега е достапно за тебе во сублимирана и едноставна форма.
По овие лекции веќе ништо нема да биде како претходно!
Подолу давам детален опис на секоја лекција.
По лекција 1:
- ќе бидеш посвесна за можностите на детето и што може да очекуваш од него,
- ќе знаеш зошто детето не слуша или не се смирува,
- ќе знаеш што е неопходно за да допреш до детето,
- ќе знаеш дека прво треба да работиш на себе, на својата смиреност и на својата рекација,
- ќе знаеш зошто и како да покажеш емпатија,
- ќе знаеш зошто е неопходно да работиш на градење на поврзаноста и како да ја градиш,
- ќе знаеш зошто треба да поставиш граници и како да ги поставиш,
- ќе знаеш како долгорочно да се насочиш кон решавање проблеми заедно со детето.
По лекција 2:
- ќе знаеш кои се основните потреби на детето и како реагираат децата ако не им се задоволени
- ќе можеш полесно да го разбереш детското однесување
- ќе знаеш како да препознаеш што ти кажува детското однесување
- ќе знаеш што точно му треба на детето и ќе можеш соодветно да реагираш
- ќе знаеш конкретни техники што може да ги користиш за да го добиеш тоа што го сакаш од детето (на пр. како да постапиш кога сте во борба за моќ, кога тера инает, кога досадува и постојано бара внимание, кога крева раце од сè)
- ќе знаеш како со своите уверувања го потхрануваш тоа што не ти се допаѓа кај детето
- ќе имаш поголемо разбирање за детето и со тоа разбирање посвесно и посмирено ќе настапиш.
По лекција 3 ќе знаеш:
- на кои начини ти го поттикнуваш несаканото однесување наместо да го смириш
- зошто е потребно да се ориентираш кон себе и да тргнеш од себе
- што е тоа што треба да го смениш во твојот однос со детето
- како да ја промениш призмата низ која го толкуваш детското однесување
- зошто треба да ситолерантена на фрустрација (на својата фрустрација и на фрустрацијата на детето)
- зошто мора да ги почитуваш солзите
- на кој начин ти одмага перфекционизмот
- зошто треба да градиш родителски сојуз со партнерот
- од каде доаѓаат твоите сегашни реакции и како да ги промениш
- кои се алтернативите на твоето досегашно постапување
- како да си дадеш самосочувство
Биди и ти родител од акција и инвестирај во себе и во подобра иднина на своето дете и своето семејство.
Со задоволство те очекувам!