Your Cart
Loading

Нешто за мене

Јас сум Ивана Тасеска. Магистер по хемија и сертифициран консултат за доење. Мајка сум на две ќерки. Калина, 4 години и Јована, 6 месеци. Мојата прва доенечка приказна започна уште додека бев бремена со Калина. Имам рамни брадавици и знаев дека може да претставуваат одреден проблем за доење. Во текот на бременоста почнав многу да читам и да се едуцирам во врска со доењето, и така се навлеков на темата. Бев фасцинирана од доењето и секоја нова информација која ќе ја научев ме тераше се подлабоко да навлегувам во темата. Откако се роди мојата ќерка почнав да дојам со силиконски брадавици, но со помош на стучно лице и поддршка по еден месец успешно ги тргнавме. Мојата прва доенечка приказна траеше 3 години. По раѓањето на мојата втора ќерка се соочив со застој на млеко во млечните жлезди кој проблем успешно го надминав со помош на стучно лице. Тогаш сватив дека поддршката од стучно лице е навистина клучна за надминување на проблемите поврзани со доење. И така решив и јас да си ја остварам мојата желба и да се сертифицирам со цел да можам да им помогнам на што повеќе мајки успешно да дојат и да ги надминат проблемите кои може да се јават за време на доенечката приказна.