Your Cart
Loading

PRINTABLE: Љубов кон себе - картички

On Sale
€5.00
€5.00
Added to cart

💗 Картички за љубов кон себе 💗

Февруари е месец на љубовта, краток ама сладок, исполнет со убави бои, родендени на драги луѓе и моменти кои потсетуваат дека љубовта е сè околу нас – и во нас.

Овие картички за љубов кон себе се инспирирани од мојата лична приказна. Изминатите месеци целосно заборавив да си ја негувам душата, секогаш брзајќи, размислувајќи, давајќи се за сите други, додека чувството „не сум доволна“ растеше. Тогаш сфатив дека треба да се грижиме за себеси пред да дојдеме до точката на вриење.

Целта на овие картички е да ве потсетат да се грижите за себеси, да си давате љубов и внимание, исто како што тоа го правите за другите. Тие се совршен потсетник за мали, но значајни моменти на самопочит и нежност кон себе.

Достапни во две верзии:

  • Дигитална верзија: 300 денари – добивате документ спремен за печат, кој можете да го користите повторно и да го печатите колку пати сакате.
  • Физичка верзија: 560 денари – ламинирани картички спакувани во прекрасна розева кутија, совршени за подарок или за вашите моменти на self-care.

Идеални за подарок за себе, за пријателка, сестра или мајка, или едноставно за да го направите овој месец на љубовта уште посвесен и посмислен.

Следете нè – наскоро пристигнуваат уште два нови производи, исто така инспирирани од магијата на февруари и љубовта.

You will get a PDF (5MB) file