За мене
Илина Пејоска Затуроски е искусен инженер по мултимедија, визуелизација и анимација, Ul/UX дизајнер и Дигитален Специјалист со над 15 години искуство во дигиталната област, извонреден професионалец кој со својата стручност и посветеност остава длабок впечаток во маркетинг индустријата.
Таа успешно комбинира долгогодишно искуство преку пристап којшто е уникатен и иновативен, секогаш фокусиран на создавање решенија кои се естетски привлечни и функционално ефикасни.
Нејзината лична платформа и иницијативата SlowTech покажуваат колку Илина е посветена на едукација и поставување здрави граници за употреба на технологијата, особено кај децата. Овој хуман пристап ја издвојува како професионалец кој мисли долгорочно и одговорно.
Со експертиза во претприемништво, е-трговија, брендирање и дигитален маркетинг, нејзината страст кон иновации и неуморна работа не само што го подигнува нивото на тимската соработка, туку и инспирира.